Достапни линкови

Во Сирија започнуваат заеднички турско-руски патроли


Турција и Русија денеска ја започнаа својата прва заедничка патрола во североисточна Сирија, како дел од договорот потпишан меѓу претседателите на двете држави во Сочи. Според договорот курдските борци требаше да се повлечат од пограничното подрачје, по што ќе следат заеднички патроли.

Од Министерството за одбрана на Турција, денеска на Твитер напишаа дека патролите стартувале во регионот ал-Дарбашија. Патролираат турски и руски војници со оклопни возила и беспилотни летала. Патролите ќе опфаќаат два дела - на запад и на исток од оперативната зона на Турција.

Русија тврди дека курдските борци се повлекле според договореното, а патролите треба да утврдат дали тоа е навистина така.

XS
SM
MD
LG