Достапни линкови

САД ја обвинија Русија за нередите во Чиле


нереди во Чиле

Соединетите држави ја обвинија Русија дека ги разгорува тензиите во Чиле каде што во најновите протести во изминативе денови имаше над 20 загинати. Претставник на Стејт департментот изјави дека постоеле „јасни индикации дека руски активности го поддржуваат негативниот курс на дебатата во социјалните медиуми“. Според оценките на Вашингтон, Русите се за поделен регион. Претходно, Москва одби секаква вмешаност во внатрешните работи на други земји.

XS
SM
MD
LG