Достапни линкови

Палмер утре во Приштина


Спрецијалниот пратеник на државниот секретар на Соединетите Држави за Западен Балкан, Метју Палмер.

Спрецијалниот пратеник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Метју Палмер, утре ќе престојува во Приштина, каде што ќе има обраќање пред студенти и претставници на оргнизациите на граѓанското општество, објави Амбасадата на САД во Косово.

Како што јави МИА од Приштина, засега нема информации дали Палмер ќе се сретне и со државни и политички лидери на Косово.

" Палмер ќе се обрати на публика составена од студенти и претставници на граѓанското општество. По обраќањето, тој ќе одговара на прашања од таа публика. Настанот е закажан за во 15 часот, в петок", се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина.

Американскиот дипломат ќе престојува во Косово по еднодневната официјална посета на Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG