Достапни линкови

Украина вети дека ќе ги заштити правата на малцинствата


Премиерот на Украина Виктор Орбан

Во заедничката изјава со НАТО, Украина вети дека ќе ги почитува малцинските права и ќе примени низа препораки во врска со законот за образование на кој Унгарија се спротивставува.

До состанокот на Комисијата на НАТО и Украина во Киев доаѓа еден ден откако членката на НАТО Унгарија стави ветона претходниот нацрт затоа што не вклучува клаузула во која се споменува „лишување од права“ на унгарското малцинство во Украина. Заедничката изјава на НАТО и Украина предвидува дека Украина ветува дека ќе продолжи со „ реформите“, вклучувајќи го и „почитувањето на правата на малцинствата“.

Во врска со законот за образование на Украина усвоен во септември 2017 година, Алијансата ја повикува Украина за „целосно спроведување на препораките и заклучоците на Венецијанската комисија “. Измените направени во законот пред две години, според унгарските власти, ги намалуваат правата на малцинствата, вклучително и на околу 125.000 етнички Унгарци кои претежно живеат во најзападниот регион Закапатија.

XS
SM
MD
LG