Достапни линкови

Конгресот на САД одобри продолжување на истрагата за импичмент на Трамп


Aмерикански претседател Доналд Трамп.

Демократите во Претставничкиот дом на Соединетите држави обезбедија доволно гласови денеска за усвојување на правилата со кои се поставуваат следните чекори во истрагата за тоа дали има причина за импичмент на американски претседател Доналд Трамп.

Гласањето е првиот формален тест на поддршка за истрагата што ја започна претседателката на Претставничкиот дом, Нанси Пелоси на 24 септември.

Истрагата за импичмент се фокусира на тоа дали Трамп се обидел да изврши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленскиј да му помогне во неговата реизборна кампања во 2020 година, по покренување истрага на еден од неговите ривали, демократскиот поранешен потпретседател на САД, Џо Бајден. Трамп ги негира обвинувањата.

XS
SM
MD
LG