Достапни линкови

Нема никакво влијание во правосудството, тврди премиерот


Денеска во правосудството нема влијанија, нема телефонски јавувања, нема состаноци за да се прават влијанија, рече премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

„Сè што работиме на средбите со судии и обвинители, се зајакнување на нивните капацитети“, рече Заев.

Тој нагласи дека должност на секој судија е да испорача правна држава и правда во оваа земја, онака како што тоа го пропишува Уставот и законот за делокругот на неговото работење, а ако некој судија и обвинител трпи влијание тоа гласно да го зборува.

Исто така на прашање на Милошоски, Заев рече дека тие што го прекршиле законот и го оштетиле буџетот ќе одговараат, а секој што е невин ќе ја доживее потврдата за својата невиност.

XS
SM
MD
LG