Достапни линкови

Заев - Приоритет е да се испрати амбасадор во НАТО


Владата е посветена на избор на амбасадори за барем половина од непополнетите амбасадорски позиции, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања. Тој вели дека е стигнато до фаза на консултации со претседателот на државата и министерот за надворешни работи.

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, го праша дали Владата планира во претстојниот период да ги назначи Теута Арифи за амбасадор во САД, Дане Талевски за амбасадор во НАТО, Мишо Докмановиќ за амбасадор во Израел и Сашко Насев за амбасадор во Бугарија. Заев вели дека за две од овие имиња се разговара, две воопшто не се споменуваат, но напомена дека приоритет е да се испрати амбасадор во НАТО. Тој вели дека деновиве ќе разговара со Димитров и ќе му посочи да ја забрза постапката.

Додаде дека очекува дел од постапките за нови амбасадори да завршат ноември, декември, а можеби и јануари и февруари.

Милошоски не беше задоволен од одговорот и нагласи оти Владата не треба во предизборен период да испраќа, како што рече, политички амбасадори во важни дипломатски центри.

XS
SM
MD
LG