Достапни линкови

Загадувањето и платите - тема на пратеничките прашања


Премиерот Зоран Заев во Собрание на седница за пратенички прашања

Седум владини советници се вклучени во тимови кои работат на координација на сите инспекторати и на МВР за справување со енормното загадување на воздухот во земјата, рече премиерот Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања. Тимовите треба на дневна основа да се вклучат да придонесат кон затворање на проблематиката за огнови на јавни места, на палење на шумите коешто предизвикува загадување, вели Заев. Тој најави и воведување на електричен трамвај со проектирана вредност од околу 100 милиони евра. Владата планира да земе кредит следната година, но сега да ја почнат тендерската постапка

Тој рече дека Владата има повеќе од 15 милиони евра предвидени јавни државни пари за борба против загадениот воздух.

Одговарајќи на прашање за состојбите во образованието, премиерот Заев за утре најави состанок со СОНК и рече дека верува во решение за платите

XS
SM
MD
LG