Достапни линкови

Баша предлага преодна влада во Албанија пред секои избори


Лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша.

Пред секои избори додека Албанија не стане членка на ЕУ да се формира преодна влада, која ќе гарантира фер и слободни избори, предлага лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша.

Тој вели дека на таков начин ќе се оневозможи притисокот врз гласачите и администрацијата, злоупотребата на јавните фондови и државните средства и улогата на лицата со криминални досиеја и криминалните групи.

„Одвојувањето на политиката од криминалот е од суштинско значење за слободно гласање“, изјави Баша.

Тој оценува дека „трпението на народот е при крај“ и оти земјата мора да оди на предвремени избори, за да има легитимен Парламент и Влада.

XS
SM
MD
LG