Достапни линкови

Столтенберг - Русија да престане со поддршката на сепаратистите во Украина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара Русија да престане да ги поддржува сепаратистите во источна Украина и да ги повлече сите руски сили од украинската територија.

Тој денеска говорејќи на прес-конференција во Киев, по средбата до украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Москва мора да врати и три бродови на украинската морнарица што ги заплени на Крим, минатиот ноември.

Тој вели дека НАТО го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и не ја признава анексија на Крим од страна на Русија.

Столтенберг најави и дека НАТО планира да ја зголеми својата поддршка за Украина со спроведување на воени вежби во регионот.

Посетата на шефот на НАТО на Украина доаѓа само неколку дена откако украинските сили и сепаратистите поддржани од Русија, започнаа да се повлекуваат од областите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG