Достапни линкови

Грција не сака да се граничи со балкански, туку со европски земји


Грција е против одвојувањето на Скопје и Тирана за давањето датум за почеток на преговори со ЕУ, оти тоа не ја зајакнува нашата северната граница и може да предизвика неурамнотеженост што ќе создаде тензии, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис пред Комисијата за европски прашања во грчкиот Парламент.

За проширувањето на ЕУ, рече дека целта на Грција е да не се граничи со балкански, туку со европски земји.

Министерот вели дек во однос на европската перспектива двете земји се во различна фаза, едната е поблиску, другата е подалеку, но дека Грција бара да се донесе одлука за почеток на преговори во пакет. Заеднички ќе биде, како што вели, само почетокот, а потоа секоја земја ќе биде оценувана според постигнатото.

XS
SM
MD
LG