Достапни линкови

Демонстрантите во Пакистан бараат оставка од премиерот


Поддржувачи на Фазлур Реман од Лахоре маршираат кон Исламабад.

Илјадници демонстранти маршираат кон главниот град на Пакистан, Исламабад со барање премиерот Имран Кан и неговата влада да си дадат оставка. Тие кон главниот град маршираат од градот Лахоре. Поради протестите се затворени училишта и некои институции, а пакистанските власти ја зајакнаа безбедноста. Поставени се дополнителни бариери, зајакнати се контролните пунктови, а блокирани се и патиштата кои водат кон административниот и дипломатски центар на градот.

Демонстрантите денеска се собираат на протестот организиран од Фазлур Реман, лидер на една од најголемите исламистички партии во Пакистан. Според него премиерот бил нелегално поставен на функцијата по лажираните избори во 2018 година. Кан победи на изборите со ветувања за прекин на корупцијата, помагање на средната класа и опоравување на економијата.

XS
SM
MD
LG