Достапни линкови

Во Пакистан над 60 загинати од експлозија на плинска боца во воз


Пожар во воз во Пакистан, 31.10.2019.

Најмалку 65 луѓе загинале во централната пакистанска провинција Пенџаб во пожар кој избувнал во еден патнички воз, соопштија локалните власти. Пожарот бил предизвикан од плинска боца во момент кога еден патник подготвувал појадок. Се наведува дека имало голем број ранети кои се наоѓаат во критична состојба и оти се страхува дека бројот на загинатите би можело да биде поголем.

XS
SM
MD
LG