Достапни линкови

Откажани два меѓународни самити во Чиле поради протестите


Анти-владини протести во Чиле

Чиле се повлече од организацијата на два меѓународни самити поради анти-владините протести во земјата. Претседателот Себастијан Пинера изјави дека ја донел „болната одлука“ да ја откаже средбата на Организацијата Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), како и конференцијата за климатски промени на ОН во декември.

Тој порача дека како претседател на Чиле секогаш мора да ги става во прв план проблемите, интересите и потребите на неговиот народ. ОН соопштија дека бараат алтернативна локација.

XS
SM
MD
LG