Достапни линкови

Двајца од повредените градежни работници во критична сосотјба


Градежни работници. Архивска фотографија.

Во критична состојба се двајца од десетте повредени градежни работници во Куманово. Двајцата критично повредени се префрлени во Ургентниот хируршки центар во Скопје. Други двајца се здобиле со тешки повреди, но не се во животно-загрзозувачка состојба, а останатите се стабилни и се задржани во кумановската болница, информираа надлежните од болницата. Работниците се повредиле додека изведувале градежни активности помеѓу мрежи од арматури на улица во Куманово.

Случајот го потврдија од СВР Куманово и нивни екипи се уште вршат увид на местото на несреќата, како и од обвинителството од каде велат дека локацијата е обезбедена и се прибираат и вештачат траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата.

XS
SM
MD
LG