Достапни линкови

Уапсени 100 приврзаници на Исламска држава во Турција


Илустрација

Турските власти уапсиле 100 припадници поврзани со Исламската држава кои планирале напад, рече денеска шефот на турската полиција Мехмет Актас. Полицијата спровела 26 рации во 21 турска провинција. Уапсените, според шефот на полицијата се подготвувала за можен напад, кој би се совпаднал со прославите поврзани со одбележувањето на 96-годишнината од основањето на Турската Република.

Турција ги зајакна безбедносните мерки по смртта на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади во американска воена операција во Сирија.

XS
SM
MD
LG