Достапни линкови

В понеделник ќе се оценува обвинението за организаторите на 27 април


В понеделник, на 4 ноември ќе се одржи седница на надлежниот совет кој ќе треба да го оценува обвинителниот акт поврзан со организаторите на настаните од 27 април 2017. На седницата веќе се повикани странките во постапката, велат од Судот.

Досега за конкретниот обвинителен акт, беа закажани неколку седници за оценка, но одбраната непосредно пред седниците бараше изземање на судиите, затоа што истите судии претходно постапувале во оценка на други обвинителни акти поврзани со конкретниот кривично – правен настан, стои во соопштението.

Со овие барања беа изземени осум од деветте судии во Одделението за организиран криминал и корупција. За да се спречат сите понатамошни одолговлекувања на постапката, актот преку компјутерската прераспределба е доделен на оценка кај совет од судии од одделот Кривично-полнолетни и за истото беше известен Судскиот совет, се појаснува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

XS
SM
MD
LG