Достапни линкови

За осум денари поголем капитацискиот бод на сите матични лекари


За осум денари се зголемува капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, соопшти владата.

За ова зголемување на капитацискиот бод се обезбедени 465 милиони денари од Буџетот. Се зголемува и надоместокот за приватните специјалисти кои имаат договор со Фондот и од сега натаму, надоместокот на приватните специјалисти стоматолози по протетика и орална хирургија, наместо сегашните 90.000 денари ќе добиваат 103.000 денари месечно или приближно 15 проценти зголемување.

XS
SM
MD
LG