Достапни линкови

Данска даде дозвола за рускиот гасовод Северен тек 2


Данската агенција за енергија денеска соопшти дека дала дозвола гасоводот Северен тек 2 да поминува низ нивна територија, односно низ данските води за да може рускиот гас директно да се донесе до Германија под Балтичкото Море.

Со одобрувањето на данските власти се отстранува последната голема пречка за гасоводот што ја подели Европската унија и наиде на критики од САД.

САД, неколку источноевропски, нордиски и балтички земји критикуваа дека со планираниот гасовод може да се зголеми енергетската зависност на Европа од Русија.

Данската агенција за енергетика денеска соопшти дека издале дозвола за градба на крак од гасоводот во должина од 147 километри. Руската државна нафтена компанија Гаспром, заврши скоро 90 проценти од гасоводот „Северен тек“ 2, но од април 2017 година се чекаше на дозвола од данските власти.

XS
SM
MD
LG