Достапни линкови

Мицкоски негира дека избегнува соработка со Обвинителство


Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не одбивал соработка со Обвинителството за организиран криминал, туку по одложената средба, обвинителката Вилма Русковска не му се јавила. Изјавата на Мицкоски уследи по интервјуто на Русковска на емисијата Отворено на 24 вести во кое таа рече пред Христијан Мицкоски да мафта со документи за кои тврди дека се од истрагата „Рекет“, таа му се јавила на телефон за неговите изјави дека има сознанија за многу други случаи, но, тој и рекол дека не изјавил баш така и потоа и откажал средба.

Тој вели дека откако на крајот на јули Русковска му пратила порака, тој и се јавил и таа го замолила да се видат, тој ја поканил во седиштето на партија, но таа му рекла дека тоа не е пристојно. Мицкоски рече дека Русковска му пренела дека тема на разговорот треба да биде актуелната ситуација и да даде изјава за уцената до него од тогашната специјална обвинителка Катица Јанева.

Но до средба не дошло поради обврските на двајцата. На 15 август тој и пратил порака дека стои на располагање за средба, а таа му одговорила дека ќе го побара, но тоа не се случило. На 11 септември Мицкоски одржал прес-конференција на која зборувал за документи кои свиркач ги доставил до ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека настапот на Русковска бил скандалозен и дека таа коментирала приватни разговори на медиум. Доколку биде повикан од Обвинителството рече дека ќе се јави и ќе разговара за случаите и покрај забелешката на Русковска дека не е сигурна дека тој ќе помогне.

Тој апелираше таа да се воздржи од изјави за новинари.

XS
SM
MD
LG