Достапни линкови

Заев - Преспанскиот договор ќе се спроведува до крај


Премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев Заев рече дека ќе продолжи спроведувањето на Преспанскиот договор до крај, а тоа го очекуваат и од грчка страна. На прес -конференција, Заев рече дека Договорот треба да се спроведе до крај зашто носи стратегиско партнерство, придобивки за земјата, Грција како нов пријател, а отвора и многу перспективи.

Заев одговорајќи на новинарски прашања рече дека со Преспанскиот договор се заокружи членство во НАТО и, иако добивме разочарување од ЕУ, е најсериозната гаранција за почеток на преговорите.

„Намерата беше токму на ЕУ да и се испрати пораката, а не до грчкиот народ или политика, да водат грижа за поглавјата зашто треба час поскоро да ги отвориме. Променет е Уставот на државата, промената на името се применува секаде, стана наше секојдневие. Жалам што опозицијата не го користи. Со тоа испраќа многу сериозна порака, прво за непочитување на Уставот, а има амбиции и претендира за власт. Што ако стане власт? Веднаш провокации и две-три вета нови. Не дај Боже да помислиме на таква околност“, рече Заев.

За Заев Преспанскиот договор е „имотен лист“, со кој се гарантира територијална сувереност и интегритет на земјата.

XS
SM
MD
LG