Достапни линкови

Собранието се распушта на 11 февруари, ден потоа ќе се распишат избори


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Собранието ќе се распушти на 11 февруари, а веднаш потоа претседателот Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.

Претседателот на Собранието на средба со новинарите рече дека според Уставот, изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од самораспуштањето на Собранието. Тие ќе се спроведуваат според досегашниот изборен модел.

Џафери вели дека во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, по распуштањето нема можност за свикување на Собранието и дека за ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.

XS
SM
MD
LG