Достапни линкови

Тргнати дел од блокадите на патиштата во Либан по оставката на премиерот


Бејрут.

Дел од големите патишта во Либан повторно се отворени, откако армијата ги повика демонстрантите да ги укинат блокадите. Демонстрантите ги блокираа патиштата за време на големите протести кои го принудија премиерот да си даде оставка.

Премиерот Саад ал-Харири, вчера си даде оставка, признавајќи дека дошол до „ќорсокак“ во обидот да ја реши кризата.

Рано денеска војниците расчистија еден од блокираните патишта, откако кратко се судрија со демонстрантите. Дел од демонстрантите не сакаат да ги напуштат блокадите велејќи дека сакаат уште политичари да си поднесат оставка. Армискиот командант вели дека луѓето имаат право да протестираат, но само на јавните плоштади.

Протестите ги зголемија и така сериозните економски проблеми во Либан, а банките денеска останаа затворени.

Демонстрантите бараат оставка од сите политички лидери во Либан, обвинувајќи ги за систематска корупција.

XS
SM
MD
LG