Достапни линкови

Североатлантскиот совет на НАТО во Украина


генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Украина Володимир Зеленски, Брисел, 04.06.2019.

Претставници на раководното тело на НАТО, Северноатлантскиот совет денеска и утре ќе престојуваат во Украина при што ќе ги посетат градовите Одеса и Киев. Според украинските власти, станува збор за силен сигнал за поддршката на НАТО за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. За време на посетата генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе одржи состанок на Комитетот Украина-НАТО во Киев со учество на претседателот Володимир Зеленски.

XS
SM
MD
LG