Достапни линкови

Сервер: Запад ја притиска Приштина за договор со Србија


Даниел Сервер

Американскиот експерт за Балканот Даниел Сервер оценува дека Европејците и Американците ќе вршат притисок врз Приштина да постигне договор со Белград пред изборите во Србија на пролет 2020 година. Тој притоа смета дека Косово мора да биде подготвено да одбие секаков договор кој го крши неговиот територијален интегритет. Сервер наведува и тоа дека не му е јасно поради што САД именувале двајца пратеници за процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово, оценувајќи дека тоа повеќе покажува оти има конфузија отколку некаква намера. Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е именуван за специјален претставник на државниот секретар за Западен Балкан, а амбасадорот во Германија Ричард Гренел за специјален пратеник на Белата куќа за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

XS
SM
MD
LG