Достапни линкови

Јоксимовиќ: Србија нема да „падне“ на рециклирани идеи за привилегирано партнерство во ЕУ


српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави дека „рециклираните идеи и визии за концептот на привилегирани партнерства наместо полноправно членство, кои деновиве неофицијално кружат по медиумите во регионот и во Брисел, се само уште еден заморувачки очекуван пробен меур на одделни земји-членки за најслабите алки во регионот да „паднат“ и да почнат да размислуваат за откажување од полноправното членство“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јоксимовиќ наведува дека „Србија нема да падне и дека се надева дека тоа им е јасно на сите“, коментирајќи ги тврдењата дека Франција почнала неофицијални дипломатски консултации со цел да понуди привилегирано специјално партнерство на некои земји од Западен Балкан наместо полноправно членство.

Јоксимовиќ порача дека таква понуда некогаш и била понудена на Турција, како на замрзнат кандидат и дека во суштина не значела ниту привилегии, ниту партнерство. Според Јоксимовиќ, креаторите на вакви визии ја доведуваат во прашање интелектуалната искреност, европскиот кредибилитет и долгорочниот интерес на ЕУ.

XS
SM
MD
LG