Достапни линкови

Романија предложи нов кандидат за еврокомесар


илустрација

Романската премиерка во заминување, Вјорика Данчила денеска изјавидека ќе го номинира Виктор Негреску, поранешниот министер за европски прашања, за еврокомесар, пренесува АФП.

„Виктор Негреску е добар избор за еврокомесар со оглед на неговото искуство“, рече Данчила, чијашто влада е техничка од распуштањето на парламентот на 10-ти октомври.

Таа изјави дека веќе испратила писмо до Брисел во кое се предлага 34-годишниот Негреску да биде романски кандидат за комесар. Дансила исто така на својот Фејсбук објави писмо напишано од нејзиниот иден шеф на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајзен, во кое бара од неа да предложи што е можно поскоро нов номиниран за комесар за да може да се заврши составот на новата ЕК.

Идната шефица на ЕК, Фон дер Лаен денес ги потврди номинациите на два нови кандидати за комесари Тиери Бретон од Франција и Оливие Вархели од Унгарија. Фон дер Лаен е под притисок бидејќи треба да го комплетира својот тим до 1 декември кога новата ЕК треба да ја преземе функцијата.

XS
SM
MD
LG