Достапни линкови

Мицотакис: Грција со постапки докажува дека е столб на стабилност, безбедност и раст


Кирјакос Мицотакис

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис истакна дека Грција, не со зборови туку со постапките докажува дека е столб на стабилност, безбедност и раст. Како што јави МИА, во неговиот говор на Четвртиот ЕУ-Арапски светски самит што денеска почна во Атина, тој истакнал дека земјата по десетгодишна криза и интровертност повторно е присутна на меѓународната сцена со улогата што ја заслужува и со самодоверба, „во регионот ги формулира принципите на меѓународното право и неповредливоста на границите“.

Мицотакис истакнал дека како европски партнер, го пренесува владеење на правото, демократијата и човековите права, а особено се осврна на миграциското/бегалското прашање.

„ Мојата земја, особено во последниве месеци прима бранови на бегалци и имигранти асиметрични во однос на нејзината големина и нејзиното население. Нашите оддалечени острови се задушуваат, а копнените области со прифатните кампови се соочуваат со првите проблеми. Ние ги контролираме нашите граници и секогаш се грижиме за оние кои ги бркаат. Но, една и сама земја не може да ги носи на рамената проблемите од три континенти. Само координирано, со легитимитет и соработка, ќе можеме да одговорат на овој голем облог на 21 век“, вели Мицотакис и додава дека е потребна поголема координација меѓу Европејците и Арапите за справување со проблемот.

XS
SM
MD
LG