Достапни линкови

Сервер: Приштина и Тирана да ја заборават идејата за „Голема Албанија“


Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс

Американскиот експерт за Балканот Даниел Сервер изјави дека Албанија и Косово треба целосно да заборават на идејата за „Голема Албанија“, бидејќи тоа може да има дестабилизирачки и катастрофални последици.

„Албанија и Косово мора да се погрижат за своите внатрешни проблеми за да одржат добри односи и да негуваат добри односи со Албанците кои живеат во другите држави. Франција и Холандија не можат да ве спречат да создадете таква Албанија и се надевам дека ќе направите вистински и мудар избор“, вели Сервер.

Тој учествуваше на конференцијата „САД на Западен Балкан“,каде што се осврна и на одлуката од 18 октомври во врска со преговорите. Според Сервер, Франција и Холандија треба да се засрамат поради својот став кон Северна Македонија и Албанија.

„Разбирам дека сте разочарани и фрустрирани, но тоа нема да ве придвижи напред. Одговорот е во посветеност кон реформите, вие и понатаму сте кандидат кој може да напредува дури и без т.н. преговори. Тие не треба да го одложуваат спроведувањето на европската правна рамка. Поголема корист има од реформите кои ќе се спроведат. Ова доцнење ќе го одложи евентуалниот влез, кој секако нема да се случи уште долги години“, истакна Сервер.

XS
SM
MD
LG