Достапни линкови

Конте: На Северна Македонија мора да и се дозволи да оди понатаму


Италијанскиот премиер Џузепе Конте и македонскиот премиер Зоран Заев во Рим

Италијанскиот премиер Џузепе Конте на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Зоран Заев во Рим, рече дека Италија секогаш ќе биде покрај Северна Македонија, ја поддржува земјата и ја поддржува одлука за почеток на преговори. Тој рече дека земјата покажала храброст за решавањето на отворените прашања и благодарение на таа храброст ќе стане членка на НАТО.

„Благодарение на оваа храброст Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Затоа дозволивме земјата да се зачлени во НАТО. Затоа на Северна Македонија треба да и се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите“, рече Конте.

Како што соопшти владината прес-служба на средбата на Заев со Конте се дискутирало за пријателските односи и соработката помеѓу двете земји, како и за реафирмација на европската перспектива и Европа како заеднички дом на двете земји.

XS
SM
MD
LG