Достапни линкови

Самоопределување ги бара гласовите од дијаспората


Движењето Самоопределување (ВВ) денеска од Врховниот суд на Косово побара да ја преиспита одлуката за гласовите од дијаспората.Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) одлучи да не се пребројуваат 4.639 коверти со гласови од дијаспората кои пристигнаа по пошта до Централната изборна комисија (ЦИК) по завршувањето на гласањето за парламентарните избори од 6 октомври.

Самоопределување смета дека спорните гласови се испратени во предвидениот законски рок и не треба да се отфрлат затоа што стасале во ЦИК со задоцнување.

Без овие гласови на дијаспората, за која се верува дека главно ја поддржува партијата на Албин Курти, ВВ ќе има 28 пратеници, еден повеќе од второпласираниот Демократски сојуз на Косово (ЛДК). А доколку се усвојат тие гласови ВВ и ЛДК заедно би имале парламентарно мнозинство од 61 пратеник, односно ВВ би имала 31, а ЛДК 30 места во новото косовско Собрание, што би им овозможило да формираат влада без условувања од други субјекти.

XS
SM
MD
LG