Достапни линкови

Во Турција уапсени 43 луѓе осомничени за врски со Исламската држава


Турските власти соопштија дека уапсиле 43 луѓе осомничени за врски со Исламската држава и за заговор за напади на националниот ден на Турција, кој се одбележува денеска.

Осомничените се приведени во Истанбул и во северозападната провинција Бурса во три одделни операции, соопштува полицијата.

Апсењата доаѓаат на два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е убиен водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади во северозападна Сирија, во близина на турската граница.

Денеска Турција одбележува 96-годишнина од основањето на секуларна турска република.

XS
SM
MD
LG