Достапни линкови

Турски воени авиони навлегле на грчка територија


турски Ф-16

Генералштабот на армијата на Грција денеска соопшти дека два турски борбени авиона навлегле во воздушниот простор на Грција. Турските борбени авиони Ф-16 влегле во грчкиот воздушен простор без дозвола. Тие летале над островот Липси, на височина од околу 24.000 стапки.

Во соопштението од грчкиот Генералштаб се наведува дека авионите биле пресретнати од грчки воени авиони според меѓународните стандарди.

XS
SM
MD
LG