Достапни линкови

Меѓународната агенција за атомска енергија доби нов шеф


Рафаел Гроси

За нов шеф на меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е избран Аргентинецот Рафаел Гроси. Една од задачите на ова тело на ОН е да го следи спроведувањето на договорот за нуклеарната програма на Иран.

Педесет и осумгодишниот Гроси досега беше амбасадор на Аргентина во МААЕ. Тој доаѓа на местото на Јукија Амано, кој почина во јули.

Гроси кој е во оваа агенција од 2010, беше близок соработник на Амано и учествуваше во преговорите со Иран. За местото шеф на Агенцијата имаше уште тројца кандидати.

XS
SM
MD
LG