Достапни линкови

Амди Бајрам - Бев на Титаник, ама пропадна и се префрлив на друг брод


Претседателот на партијата Сојуз на Ромите, Амди Бајрам

Претседателот на партијата Сојуз на Ромите, Амди Бајрам ги отфрли, како што рече, лагите, дека преговара со ВМРО-ДПМНЕ за коалицирање. Тој вели дека останува во коалиција со СДСМ и дека со нив ќе оди и на избори.

„Паролата на Сојузот на Ромите е дека секогаш сме со власта. Бев на Титаник, ама пропадна и се префрлив на друг брод“, рече денеска на прес-конференција Бајрам.

Запрашан дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ доколку победат на изборите, Бајрам вели дека за тоа ќе види потоа.

XS
SM
MD
LG