Достапни линкови

Украинските сили се повлекуваат од источниот дел на земјата


Украински војник во Золот.

Украинските власти соопштија дека почнало планирано повлекување на војската од градот Золот во источниот регион Луганск, каде украинските вооружени сили се борат со сепаратистите поддржани од Русија повеќе од пет години.

Министерот за надворешни работи Вадим Прстајко рече дека денеска силите почнале да се повлекуваат. А откако ќе заврши процесот на повлекување од Золот, украинските сили ќе се повлекуваат и од блискиот град Петривск.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно во октомври го прифати планот за повлекување, познат како Формула Штајнмаер. Со овој план се зацврстуваат претходните договори за ставање крај на конфликтот во Украина. Но на овој план се спротивставија десничарските групи, некои групи на ветерани и активисти во Украина.

XS
SM
MD
LG