Достапни линкови

Заводот за статистика предлага пописот да се одржи во април 2021 година


Државниот завод за статистика, предлага пописот да се одржи во април 2021 година. Заводот преку соопштение денеска информираше дека ќе го даде предлог за одржување на пописот до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови. Заводот за статистика бара Законот за попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Воедно, Државниот завод за статистика изјавува дека е подготвен за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со пописот со сите релевантни чинители во државава.


Првично беше предвидено пописот да се одржи на 1 април 2020 година, но се одложи поради предвремените избори.

Премиерот Зоран Заев вели дека без разлика дали пописот ќе биде во 2020 или во 2021, мора да се донесе законот. Тој вели дека ќе се почитуваат препораките од Државниот завод за статистика и очекува деновиве Заводот да предложи до Владата стручна анализа како тие гледаат на одржувањето на пописот.

XS
SM
MD
LG