Достапни линкови

Турција најави дека ќе ги напаѓа курдските сили по рокот за повлекување


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека турската војска ќе ги нападне курдските борци кои ќе останат во пограничната област на североистокот на Сирија по истекот на рокот за нивно повлекување. Повлекувањето на Курдите од таа област е дел од спогодбата кои претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган ја постигнаа во минатата недела. Рокот за повлекување на курдските борци на околу 30 километри од границата со Турција истекува денеска.

XS
SM
MD
LG