Достапни линкови

Поранешен советник на Трамп не се појави на сведочењето за импичмент во Долниот дом


Американскиот претседател Доналд Трамп

Поранешниот советник во Белата куќа, Чарлс Куперман не се појави на сведочењето во Долниот дом за истрагата за импичмент за претседателот Доналд Трамп за тоа дали вршел притисок врз неговиот украински колега да го истражува неговиот политички противник Џо Бајден. Куперман, кој беше заменик советник за национална безбедност, ја игнорираше поканата издадена од три комитети во Домот да сведочи, обвинуваат дел од пратениците.

Претседателот Трамп тврди дека Куперман има имунитет од сведочење, а тој постојано поднесува приговор за судот да одлучи дали мора да се одзве на поканата.

Пратеници тврдат дека Белата куќа ја попречува работата на Конгресот.

Куперман ќе се одзве на поканата ако судот одлучи дека мора, соопшти неговиот адвокат.

XS
SM
MD
LG