Достапни линкови

Евакуација во Марибор поради две бомби од Втората светска војна


Илустрација: Неексплодирана бомба од Втората светска војна

Неколку илјади жители на Марибор в четврток и недела ќе бидат евакуирани од нивните домови од безбедносни причини, поради деактивирање на две неексплодирани авионски бомби кои беа откриени на две локации во градот на крајот од неделава.

Директорот на противпожарната бригада на Марибор, Алеш Цирингер рече дека бомбите биле 250 килограми и датираат уште од времето кога сојузниците го бомбардирале Марибор пред крајот на Втората светска војна.

Според него, првата бомба е пронајдена во саботата на градилиштето во близина на трговскиот центар Еуропарк во Марибор, додека втората е пронајдена еден ден подоцна на градилиште во близина на мостот.

Како што рече Цирингер, првата бомба ќе биде деактивирана в четврток, поради што од безбедносни причини од 8 до 16 часот ќе биде потребно да се расчисти подрачјето во радиус од најмалку 300 метри од местото каде што се наоѓа.

Втората бомба ќе биде деактивирана в недела и притоа ќе биде потребна опсежна евакуација, бидејќи таа се наоѓа на простор меѓу главната железничка и автобуска станица, во густо населено подрачје во центарот на градот. Во тој дел населението ќе биде евакуирано во радиус од 600 метри.

XS
SM
MD
LG