Достапни линкови

Метју Палмер во посета на Скопје


Архивска фотографија: Метју Палмер и Никола Димитров на средба во Скопје на 22.10.2018.

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер утре ќе престојува во работа посета на Македонија.

Палмер, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ќе биде примен од шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Се очекува Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.

XS
SM
MD
LG