Достапни линкови

Чилеанците повикуваат на нови протести


Протести во Чиле.

Во Чиле се најавуваат нови протести и покрај тоа што претседателот Себастијан Пинера рече дека ќе го реконструира неговиот кабинет. Тој размислува да ги разреши министерот за внатрешни работи и министерот за финансии.

Чиле, најголемиот производител на бакар во светот, долго време беше една од најпросперитетните и стабилни економии во Латинска Америка, со ниско ниво на сиромаштија и невработеност. Но, проблем се втемелената нееднаквост и растот на трошоците за живот.

Пред една недела почнаа протести заради повисоката цена на метрото, а потоа прераснаа во немири. Седумнаесет луѓе загинаа, повеќе од 7.000 се уапсени, а економските загуби се проценуваат на 1,4 милијарди американски долари.

XS
SM
MD
LG