Достапни линкови

ЕУ го одложи Брегзит до 31 јануари


Земјите-членки на ЕУ денеска се согласија да го одложат Брегзит на уште три месеци, односно до 31 јануари.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на Твитер објави дека 27 земји членки на ЕУ се согласиле да го одложат излегувањето на Британија од ЕУ, до крајот на јануари 2020.

Но Британија може да излезе од Унијата и порано ако Британскиот Парламент успее да се договори и ако го изгласаат дoговорот постигнат со ЕУ.

Британскиот парламент, пак, денеска треба да се изјасни по предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG