Достапни линкови

Спасовски - Борбата против организираниот криминал е предизвик на 21 век


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека борбата против организираниот криминал бара нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво. Тој во обраќањето на семинарот „Меѓуресорска соработка во справување со насилен ектремизам и борба против тероризам“, рече дека борбата против овој вид на криминал е предизвик на 21 век, а безбедносните закани со кои се соочува земјата се слични и во земјите во регионот, но и во ЕУ и САД, што наложува и нови форми на соработка и дејствување на меѓународно ниво.

Министерот рече дека постои цврста политичка волја и јавна свест за интензивна и континуирана борба против транснационалниот организиран криминал, а државата прави напори, со поддршка и соработка од меѓународните институции, да се развие ефикасна правна рамка и да се воспостават специјализирани институции за сузбивање на овој вид на криминал.

Во делот на борба против тероризмот, Спасовски, вели дека земјата има силна соработка со земјите од регионот и меѓународната заедница, како и стратешките партнери – ЕУ, Советот на Европа, САД, НАТО, ИОМ, ОБСЕ и други меѓународни организации.

XS
SM
MD
LG