Достапни линкови

Заев: Проширувањето на ЕУ заедно со промена на методологијата


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев во порака објавена на неговиот Фејсбук профил вели дека има доволно аргументи да се убеди францускиот претседател Емануел Макрон дека проширувањето на ЕУ може да оди заедно со промената на методологијата на преговарачкиот процес за прием на нови земји членки. „Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, наведува премиерот Заев.

XS
SM
MD
LG