Достапни линкови

Трамп потврди дека е убиен лидерот на Исламска држава


Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на екстремистичката група Исламска држава

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во денешното обраќање потврди дека Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на екстремистичката група Исламска држава е убиен во рација на САД во измината ноќ во северозападна Сирија.
Трамп на конференција за новинарите во Белата куќа изјави дека ал Багдади е убиен во операција на американската војска и дека нема загинати американски војници.

Трамп го нарече Багдади „кукавица“ и „губитник“, додавајќи дека најбараниот човек во светот се самоубил со активирање на својот елек со експлозив. „Тој беше болен и опустошен човек и сега го нема“, рече Трамп.

Американскиот претседател изјави дека американските сили биле во комплексот каде што Багдади престојувал околу два часа. Тој наведе дека „голем број“ лица од опкружувањето на Багдади биле убиени за време на рацијата. Трамп рече дека резултатите од ДНК тестот потврдиле дека телото е на ал Багдади.

XS
SM
MD
LG