Достапни линкови

Времето денеска ќе биде сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје сончево со дневна температура до 26 степени.

Утрово е најладно во Берово каде се измерени минус два степена, а максимални 11 степени е во Крушево, информира УХМР.

Според податоците до осум часот, еден степен е во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Битола, два во Куманово, три во Демир Капија, четири во Крива Паланка, Штип и Гевгелија, пет во Прилеп и Маврово, шест во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Лазарополе, седум во Претор, како и десет во Виница и Дојран.

XS
SM
MD
LG