Достапни линкови

Научните работници ќе добијат плата со покачување од 25%


Премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев, денеска најави покачување на плати за 25% за научните работници во сите 7 институти во нашата земја.

Тој ова го соопшти на меѓународна конференција „Сликата на другиот во балканската култура“ во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје

„Ребалансот на буџетот помина и минатиот труд на научните работници од Институтите, вкупно 7 во државата е решена проблематика и нека ви е честито покачувањето од 5% проценти којашто беше од септември. Веќе со октомвриската плата го добивте и имате нова одлука на 25% покачување на плата, затоа што навистина приходите за научните работници и професорите коишто работат во сите наши институти беа понижувачки. Владата смогна сили и донесе одлука со што сакаме да ве мотивираме да продолжите да работите.“ истакна премиерот Заев.

XS
SM
MD
LG