Достапни линкови

Адеми следната недела на разговори со СОНК


Министерот за образование Арбер Адеми

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска најави дека следната недела ќе ги покани претставниците на СОНК, кои најавија штајк за 11 ноември, на разговори.

"Следната недела сигурно дека ќе има покана и од наша страна да седнеме заедно, и за други реформски процеси за кои има финансиски импликации, верувам дека ќе најдеме начин и решение за следното покачување на платите, рече Адеми, додавајќи дека нема пазарење туку има конструктивен дијалог и разгледување на сите параметри.

Министерот е оптимист оти до штрајк нема да дојде, дополнувајќи дека Министерството и Владата нудат решенија.

Досега на два пати се веќе зголемени платите и понудено е десетпроцентно зголемување на платите во април месец, повтори Адеми.

XS
SM
MD
LG