Достапни линкови

Бутина пристигна во Москва по ослободувањето од затворот во САД


Осудената руска агентка Марија Бутина пристигна во Москва,по  ослободувањето од американскиот затвор.

Осудената руска агентка Марија Бутина пристигна во Москва,по ослободувањето од американскиот затвор, каде беше задржана под обвинение дека дејствувала како нерегистриран странски агент во Соединетите држави.

Бутина, дипломирана студентка, која се обидуваше да се инфилтрира во конзервативните американски политички групи и да ја промовира агендата на Русија во времето кога Доналд Трамп дојде на власт, денеска од Флорида со авион се упати кон Москва. Таа беше во притвор од нејзиното апсење во јули 2018 година.

Бутина во декември се изјасни за виновна и призна дека таа и поранешен руски пратеник работеле на склопување контакти во Националната асоцијација за пушки (НРА) за да создадат канали за комуникација со американските конзервативци за време на претседателската кампања во 2016 година, кога Трамп ја победи демократата Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG